Алијанса на Таравари: Меџити е кумот на коцкањето
Крилото на Алијансата за Албанците предводено од Арбен Таравари јавно го прашува првиот вицепремиер, Изет Меџити што се случи со казината и обложувалниците во Македонија – дали се затворија или, напротив, дали се зголемија уште повеќе?
-Новиот Закон за коцкање само го зајакна бизнисот на коцкарските олигарси. Изет Меџити е кумот на коцкањето. Со најновите измени е отстранет и единствениот аргумент што го користеа Меџити и кликата ВЛЕН. Со овие измени, повторно е можно организирање на онлајн коцкање од страна на приватни субјекти – точно како што беше порано, обвинуваат од АА.
Кога беше во опозиција, велат од крилото на Таравари, Меџити вети дека ќе ги затвори сите казина и обложувалници кои уништуваат илјадници албански семејства.
-Денес, од владина позиција, реалноста е сосема поинаква: наместо да се изгаси овој феномен, секој ден се отвораат нови точки. Молчењето и изговорите не можат да ја сокријат вистината. Меџити беше претставен како спасител од коцкањето, но денес тој стана симбол на политички неуспех и лицемерие.
Алијансата за Албанците ја повикува владата веднаш да спроведе мерки за ограничување и контрола на коцкањето, наместо да стане дел од коцкарската мафија. Граѓаните заслужуваат влада која се грижи за семејствата, а не лидери кои ветуваат едно, а прават спротивното, стои во партиското соопштение.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Меџити го сака Чаир со срце, но…
Иако постојано јавно изјавува дека „Чаир го…
Мицкоски стана слуга на ВЛЕН
Мицкоски молчи пред криминалот на ВЛЕН, а…
А да ги ѕирнеше дивоградбите во Чаир?…
Вицепремиерот и министер за животна средина и…
Таравари за ТВ21: За Алијанса е многу…
Во просториите на општина Гостивар попладнево се…
Министерот Меџити најави околу Нова година нови…
Министерот за здравство Фатмир Меџити информираше дека…