Меџити го сака Чаир со срце, но живее во Бутел – Дали може да се кандидира во Чаир или ќе смени место на живеење
Иако постојано јавно изјавува дека „Чаир го има во срцето“, лидерот на Демократската Лига и една од клучните фигури на ВЛЕН, Изет Меџити, според официјалните податоци на Државната изборна комисија (ДИК), е жител на Општина Бутел, пишува Флака.
Објавените информации во избирачкиот список на ДИК јасно покажуваат:
Име: Изет
Презиме: Меџити
ЕМБГ: 0802977450XXX
Избирачко место: бр. 2930 – Основно училиште „Панаот Гиновски“, ул. „Ферид Барам“ бр. XX
Општина: Бутел, Град: Скопје
Овој факт го доведува во прашање формалниот легитимитет на неговата можна кандидатура за градоначалник на Општина Чаир, бидејќи Изборниот законик на Северна Македонија бара кандидатот за градоначалник да има постојано место на живеење во таа општина.
Изборен законик – Член 7, став 2:
„Право да биде избран за градоначалник има секој државјанин на Република Северна Македонија кој има право на глас и има постојано место на живеење на територијата на соодветната општина.“
Иако политичките изјави на Меџити го прикажуваат како фигура тесно поврзана со Чаир, официјалните податоци зборуваат поинаку.
„Чаир го имам во срце“, изјави Меџити пред еден ден, додека официјалните документи го поврзуваат со друга адреса – во Бутел.
За ова прашање, сè уште нема официјално обраќање ниту од страна на Меџити, ниту од неговата партија. Доколку не го промени своето место на живеење на законски начин, тој нема да може легално да се кандидира во Чаир.
Извор на податоците: Избирачки список – Државна изборна комисија (ДИК)
Јавна изјава на Изет Меџити – 28 јули 2025 година, Флака
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Откриен магацин со нелегални лекови во…
На 21.09.2026 година, спроведено е полициска акција…
Тошковски: Интензивно се работи на расчистување на…
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска…
Меџити: Чаир и Вакарици кон збратимување
Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, денеска…
Клековски: Прободениот 13-годишник сѐ уште е во…
Тринаесетгодишното дете кое беше прободено со нож…
Определен притвор за едно лице за претепаниот…
Судија на претходна постапка при Основниот кривичен…