„Алкараз и Синер нема да играат долго како Ѓоковиќ“
Напредокот на спортската медицина придонесе кариерите на врвните спортисти значително да се продолжат, па место до почетокот од четвртата деценија, тие сега се способни да играат на високо ниво безмалку до нејзиниот крај.
Такви се случаите со Новак Ѓоковиќ, Лионел Меси, Роџер Федерер, Рафаел Надал, Кристијано Роналдо, Леброн Џејмс итн. Сепак, поранешниот лекар на Надал, Анхел Руис Которо тврди дека тој тренд нема уште долго да трае, а новите надежи на светскиот тенис нема да играат толку долго.
„Брзината на тенисот расте, а зглобовите се повеќе страдаат. Синер има 23 години, а веќе одиграл над 350 натпревари во професионалната кариера. Алкараз има 21 година и стигна до 275. Но, нивната преоптеретеност постои од порано, од тој период меѓу 8 и 18 години кога телесната структура уште не била формирана. Затоа не сметам дека Синер или Алкараз можат да играат до 38 години, но не поради нив самите, туку поради натпреварувачкиот систем кој владее сега“, објасни Руис Которо.
Синер е лидер во светскиот тенис веќе девет месеци, а Алкараз на само 21 година веќе има четири Гренд слем трофеи. Многумина во нив гледаат наследници на Надал, Ѓоковиќ и Федерер, но времето ќе покаже дали ќе успеат да ги стигнат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Полските медиуми објавија вознемирувачки изјави за напаѓачот…
Во пукање на главниот плоштад во Краков,…
Напад врз нафтениот гигант „Арамко“ во Ријад,…
Канцелариите на „Сауди Арамко“ (Saudi Aramco) во…
„Системот се вика патријархат и е смртоносен“:…
„Не бараме сочувство, бараме одговорност“ – е…
На денешен ден е роден Михајло Апостолски:…
На 8 ноември 1906 година, во штипско…
Студентите во Тирана одбија партиско преземање: Најавија…
Студенти во Тирана вчера, направија жив ѕид…