Алкараз низ солзи: Дадов сѐ од себе, Новак го заслужи златото

Имав свои шанси, но не ги искористив. Од друга страна, Новак го заслужи ова, одигра одлично, изјави шпанскиот тенисер Карлос Алкараз по поразот од Новак Ѓоковиќ во финалето на Олимписките игри во Париз. Тој нагласува дека иако моментално е разочаран, теренот ќе го напушти со крената глава. Дадов се од себе, тврди Шпанецот.
Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ го освои златниот медал на олимпискиот турнир победувајќи го шпанскиот тенисер Карлос Алкараз со 2:0, во сетови 7:6 (7:3) и 7:6 (7:2).
Шпанскиот тенисер го даде максимумот во дуелот со српскиот тенисер, но тоа едноставно не беше доволно, поради што се расплака по мечот.
“Болно е да се загуби на ваков начин. Имав свои шанси, но не ги искористив. Новак одигра одлично и го заслужи ова. Го подигна своето ниво во клучните моменти. Неверојатен натпревар”, изјави Алкараз.
Иако во моментов е разочаран, сепак тврди дека во целина е задоволен од прикажувањето на целиот олимписки турнир, вклучително и на последниот меч на стадионот „Филип Шатриер“.
Искрено, ќе го напуштам теренот со крената глава. Дадов се што имав. Се борев за Шпанија и таа е се за мене. Горд сум“, потенцираше Шпанецот.
Со победата над Алкараз, Ѓоковиќ стана само петтиот тенисер кој освоил златен слем во кариерата – сите четири грен слем турнири и златен медал на Олимписките игри.
Со ова достигнување во двете конкуренции можат да се пофалат само Андре Агаси, Рафаел Надал, Серена Вилијамс и Штефи Граф.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонија води против Казахстан!
Александар Трајковски се најдев во првиот состав…
Ново разочарување: Ѓоковиќ елиминиран на стартот и…
Новак Ѓоковиќ продолжува со лошата форма на…
Во 59 минута најтажниот громогласен аплауз во…
На почетокот од 59. минута од вечерашниот…
Трамп забрани трансродови лица да учествуваат во…
Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба…
Министерот Борко Ристовски најави нови капитални проекти…
Македонскиот спорт многу брзо ќе ги почувствува…