Објавено на:

Американските разузнавачки агенции го предупредија Трамп дека Нетанјаху го турка мировниот договор со Иран кон пропаст

t

Американските разузнавачки агенции ја предупредија администрацијата на Доналд Трамп дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху веројатно ќе преземе чекори што би можеле да го поткопаат новиот мировен договор меѓу САД и Иран.

Како што објавува „Вашингтон пост“, израелскиот лидер се соочува со огромен внатрешен политички притисок да ја продолжи воената кампања во Либан, што директно ги загрозува напорите на Белата куќа.

Според американскиот весник, кој се повикува на изјавите на сегашни и поранешни американски функционери, Израел има намера да ги продолжи воените операции против Хезболах, што претставува директно кршење на клучен елемент од новопостигнатиот договор кој повикува на прекин на непријателствата.

Таен разузнавачки извештај заклучува дека опстанокот на израелскиот премиер на претстојните есенски избори е директно поврзан со докажувањето пред домашната јавност дека тој нема да ги повлече трупите од Либан.

Дури 70 проценти од Израелците ја поддржуваат интензивирањето на борбата против Хезболах, па затоа гласачите би го сметале повлекувањето на трупите за јасен пораз. Поради ова, во Израел постои голема фрустрација од условите на договорот, бидејќи тамошните власти веруваат дека договорот меѓу Трамп и Техеран им ги врзува рацете и го оневозможува одбранувањето од проиранските групи, додека Вашингтон, од друга страна, тврди дека Израел сè уште го задржува правото на самоодбрана во случај на напад.

Откажани преговори во Швајцарија и остра порака од Џ.Д. Венс

Тензиите дополнително ескалираа во петокот кога Израел започна воздушни напади низ јужен Либан како одговор на нападот со беспилотно летало на Хезболах во кој загинаа четворица израелски војници. Поради продолжувањето на конфликтот, американските и иранските претставници ги одложија разговорите што требаше да започнат во Швајцарија, а американскиот потпретседател Џ.Д. Венс го откажа планираното патување. Венс испрати невообичаено остра и директна порака до израелските претставници од прес-конференцијата во Белата куќа.

„Доналд Џ. Трамп е единствениот шеф на држава во целиот свет кој во овој момент сочувствува со нацијата Израел, а тој е и шеф на светска суперсила. Да бев во кабинетот на израелската влада, можеби немаше да го нападнам единствениот моќен сојузник што сè уште го имам било каде во светот“, рече Ванс.

Претходно, самиот Трамп потврди дека имал „мало несогласување околу Либан“ со Нетанјаху, велејќи дека му рекол оти не може „да урива зграда секој пат кога некој од Хезболах ќе помине покрај него“.

„Рецепт за катастрофа“ на терен

Израелската армија моментално окупира повеќе од 300 квадратни километри либанска територија, создавајќи „безбедносна зона“ таму, додека повеќе од еден милион жители се раселени. Според либанските власти, повеќе од 3.000 луѓе се убиени во израелската кампања од средината на март.

Додека аналитичарите предупредуваат дека останувањето во Либан е рецепт за катастрофа, десничарските членови на кабинетот на Нетанјаху одбиваат да попуштат. Министерот за национална безбедност, Итамар Бен Гвир, во петокот на социјалните мрежи изјави дека за секоја солза пролеана од израелска мајка, треба да плачат илјада либански мајки, додавајќи дека целиот Либан треба да гори.

Дени Цитринович, поранешен аналитичар на израелската воена разузнавачка служба, истакнува за „Вашингтон пост“ дека Нетанјаху ризикува сериозна конфронтација со Трамп. Трамп влезе во војна со Иран кон крајот на февруари на инсистирање на израелскиот лидер, а тој конфликт веќе чинеше десетици милијарди долари, предизвика скок на цените на горивата во светот и одзеде животи на 13 американски војници.

Сепак, Вашингтон има начини да изврши притисок врз Тел Авив ако ситуацијата ескалира. Харисон Ман, поранешен аналитичар на Агенцијата за одбранбено разузнавање на САД, нагласува дека Трамп има сериозни лостови на моќ во рацете. Ова подразбира целосно прекинување на испораките на муниција и гориво за авиони во Израел, прекин на техничката поддршка за одржување на воените авиони, замрзнување на размената на клучни разузнавачки информации, па дури и повлекување на американските сили кои моментално помагаат во заштитата на израелскиот воздушен простор.

Иако американските претседатели низ историјата ретко ги користеле овие екстремни мерки, како што беа Ајзенхауер во 1956 година или Реган во 1981 година, аналитичарите предупредуваат дека непредвидливоста на сегашната администрација во Вашингтон би можела да донесе сосема нова динамика во американско-израелските односи ако Нетанјаху одлучи да го саботира историскиот договор со Иран.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Американските разузнавачки агенции го предупредија Трамп дека…

Американските разузнавачки агенции ја предупредија администрацијата на…

Брнабиќ со тешко обвинување кон студентите: „Сакаа…

Брнабиќ со најтешко обвинение досега го нападна…

Трамп: Иран е воено поразен, Обама и…

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека…

Европските десничари сè повеќе се оддалечуваат од…

Сè повеќе европски десничарски и популистички лидери,…

Европа се затоплува многу побрзо од остатокот…

Голем дел од Западна Европа моментално е…