Објавено на:

Трамп: Иран е воено поразен, Обама и Бајден беа слаби и неефикасни лидери

t

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека Иран е воено поразен и повторно остро ги критикуваше демократите, како и поранешните претседатели Барак Обама и Џозеф Бајден, оценувајќи дека тие воделе слаба политика кон Техеран.

– Радикалните левичарски будалите и „демократите“ сфаќаат колку успешно ја водевме нашата војна против Иран, додека нивната земја е целосно воено поразена, напиша Трамп на својата мрежа Truth Social.

Трамп вели дека поранешниот американски претседател Барак Обама им дал само милијарди долари во готово и дека никогаш не ја користел тогаш ослабената американска војска за да го направи она што било потребно за да го сопре Иран, најголемиот државен спонзор на тероризмот во светот.

– Тие никаква почит кон него. Мислеа дека е, како и „поспаниот“ Џо Бајден, слаб и неефикасен лидер, и беа 100% во право. Иран се извлекуваше со своите „убиства“ 47 години, сè додека не се појавив јас. Потоа сè се смени. АМЕРИКА СЕ ВРАТИ!, наведува Трамп.

Меморандумот за разбирање меѓу САД и Иран за ставање крај на војната ги утврдува условите за прекин на огнот меѓу двете земји, повторно отворање на Ормуската Тенсина, одредено финансиско олеснување за Иран и потврда од Техеран дека никогаш нема да произведува нуклеарно оружје.

Документот, потпишан електронски во среда од американскиот претседател Доналд Трамп и иранскиот претседател Масуд Пезешкијан, како што оценуваат маедиумите во САД, предвидува финансиска поддршка на Иран. Со укинување на санкциите, Иран може да ја продава својата нафта, да пристапи до милијарди замрзнати средства и потенцијално уште 300 милијарди долари дополнително финансирање.

Се очекува двете страни да постигнат конечен договор во рок од максимум 60 дена, со можност за продолжување, со што ќе се потврдат сите елементи на договорот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Руски воен сателит опасно се приближил до…

Руски воен сателит се приближил на околу…

ИЗРАЕЛ ВО НАЈВИСОКА БОРБЕНА ГОТОВНОСТ: „Сè зависи…

Израелските вооружени сили се наоѓаат во состојба…

СТУДЕНТСКАТА ЛИСТА ПОВИКА НА СМИРЕНОСТ: Да не…

Српската Студентска листа излезе со сериозни обвинувања…

(Видео) ПАНИКА МЕЃУ ШТЕДАЧИТЕ ВО СРБИЈА: Граѓани…

По пропаѓањето на АЛТА банка во Србија,…

Мицкоски најави дека во декември ќе бидат…

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека во декември…