Американски суд ја поништи забраната на Трамп за имигрантски визи за 75 земји, вклучително и за македонските граѓани
Американски суд ја поништи забраната на Трамп за имигрантски визи за 75 земји. Одлуката ја донесе судијката Џенет Варгас од федералниот окружен суд во Менхетен.
Таа оцени дека државниот секретар Марко Рубио ги надминал своите законски овластувања со забраната, донесена со образложение дека ќе го спречи влезот на луѓе кои би користеле социјална помош и јавни бенефиции. Судијката утврди дека американските службеници во пракса биле упатени да ги одбијат барањата за виза од апликантите, дури и од оние кои можеле да се издржуваат сами, единствено врз основа на нивната земја на потекло.
Во јануари, Стејт департментот го суспендираше издавањето имигрантски визи за земји каде што живее речиси 40% од светското население, а меѓу нив од регионот се најдоа и Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Американски суд ја поништи забраната на Трамп…
Американски суд ја поништи забраната на Трамп…
Путин се закани со нови напади врз…
Рускиот претседател Владимир Путин најави дека Москва…
Франција испраќа ракети за Украина по нападот…
Франција ја засилува воената помош за Украина…
Следната недела мало заладување: Температури од 37…
Од понеделник дневната температура ќе почнат да…
Германски државјани загинаа во авионска несреќа во…
Двајца германски државјани загинаа во авионска несреќа…