Објавено на:

Америка објави „докази“ за постоењето на митското суштество Бигфут

t

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп објави доверливи документи за наводни средби со Бигфут, мистериозното влакнесто суштество за кое со децении кружат приказни дека живее во шумите на Северна Америка.

Во објавените досиеја, кои со години беа чувани во тајност, се собрани сведоштва од луѓе кои тврдат дека виделе суштество со огромни стапала, необичен изглед и со способност да се движи на две нозе. Документите содржат и извештаи од истраги спроведени во американските сојузни држави Јута, Монтана и Орегон.

Едно од објавените досиеја се однесува на истрага спроведена во 2010 година во Форт Душен, во сојузната држава Јута, во име на американското Министерство за одбрана. Четиричлен истражувачки тим разговарал со повеќе од 25 луѓе, меѓу кои шаман, членови на Мормонската црква и локален директор за рибарство и диви животни. На теренот биле поставени и дигитални камери.

Во извештајот, долг 60 страници, се опишуваат сведоштва за суштество кое може да го менува обликот и да се претвора во животно.

Еден од сведоците опишал и суштество со големина на крупен човек, покриено со крзно и со муцка налик на свинска.

„Суштеството беше големо колку крупен човек и изгледаше непријателски настроено. Се исплаши и побегна од местото“, навел сведокот.

Сепак, анализата на влакната пронајдени на местото покажала дека тие потекнуваат од куче и од ракун. Истражувачите заклучиле дека пријавените настани најверојатно се поврзани со локалниот фолклор.

Во јуни 1982 година била спроведена и истрага за огромни стапки пронајдени во Лоу Крик, во Орегон. Во досието има и фотографии на кои отпечатоците се споредени со мерна лента. Едно од стапалата било долго 38 сантиметри и широко 18 сантиметри, речиси двојно поголемо од стапалото на просечен човек.

Истражувачите заклучиле дека трагите не ги оставила мечка, но во документите има и поинакво толкување.

Истражител тврди дека трагите биле лажирани

Досието содржи две службени белешки, од биологот Родни Џонсон и од Џоел Хардин, трагач во американската гранична полиција.

Хардин сметал дека станува збор за „многу вешт обид за измама“, при што трагите биле направени со помош на лажно стапало од гума или од мек гипс.

Професорот по антропологија, Дејвид Деглинг, смета дека објавените документи не нудат нови докази што би го промениле ставот ниту на скептиците ниту на оние што веруваат во постоењето на суштеството.

„Бигфут отсекогаш бил митолошка фигура, дури и ако, иако тоа е малку веројатно, зад приказната навистина стои некое животно“, изјавил тој.

Според Деглинг, главниот проблем е големиот број сведоштва, фотографии, видеоснимки и наводно пронајдени стапки, кои со години се користат како аргументи во обидите да се докаже постоењето на Бигфут, но досега не понудиле убедлив доказ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Америка објави „докази“ за постоењето на митското…

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп објави доверливи…

Трамп го смени шефот за сајбер-безбедност по…

Директорот за национална сајбер-безбедност на Белата куќа,…

Трамп, Путин и Си во заедничка изјава:…

Претседателот на САД, Доналд Трамп, рускиот претседател…

Трамп: САД не ја поддржуваат независноста на…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД…

Трамп: На САД не им е потребна…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека на…