Објавено на:

Америка подготвува јавна егзекуција по 90 години: Погубувањето на Нидал Хасан ќе се емитува во живо

t

Американската војска планира во живо да ја пренесува егзекуцијата на поранешниот армиски мајор Нидал Хасан, осуден на смрт за масакрот во воената база Форт Худ во Тексас во 2009 година. Егзекуцијата со стрелачки вод е закажана за 3 декември.

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет изјави дека погубувањето ќе биде достапно за јавноста.

„Ќе се погрижиме луѓето да можат да го гледаат, да биде јавно, затоа што луѓето треба да разберат дека ваквите работи имаат сериозни последици“, рече Хегсет во интервју за „Реал Америкас Воис“.

Пентагон подоцна потврди дека станува збор за пренос во живо, но сè уште не соопшти преку која платформа или на кој начин јавноста ќе може да го следи.

Хасан, поранешен психијатар во американската армија, беше осуден за нападот во Форт Худ во 2009 година, во кој уби 13 лица и рани уште 32.

Претседателот Доналд Трамп го одобри извршувањето на смртната казна со стрелачки вод. Доколку биде спроведена според планот, тоа ќе биде првата егзекуција во американската војска од 1961 година и првата воена егзекуција со стрелачки вод од 1945 година.

Планираниот пренос би бил без преседан во современата американска практика. Последната традиционално јавна егзекуција во САД била извршена во Кентаки во 1936 година, што значи дека ваков јавен пристап кон погубување не е виден околу девет децении.

Одлуката веќе отвори правни и етички прашања во САД. Правни експерти посочуваат дека Хасан и натаму може да поднесе дополнителни жалби пред цивилните судови, што би можело да го одложи извршувањето на казната.

Засега Пентагон останува на ставот дека егзекуцијата треба да се одржи на 3 декември и да биде пренесувана во живо за јавноста.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Америка подготвува јавна егзекуција по 90 години:…

Американската војска планира во живо да ја…

Мицкоски: Уставните измени остануваат услов, бараме начин…

Ставот на Владата за уставните измени како…

Од понеделник почнува примената на „Безбеден град“…

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста…

(Видео) Силна турбуленција на лет од Колумбија…

Осум лица биле пренесени во болница откако…

Мицкоски: Филипче прво да одговори како се…

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во интервјуто…