Америка усвои огромен пакет санкции против Русија – можни царини до 100 проценти за купувачите на руска нафта
Американскиот Конгрес усвои еден од најагресивните пакети економски мерки против Русија во последните години.
Претставничкиот дом го одобри законот со 262 гласа „за“ и 159 „против“, откако претходно Сенатот го поддржа со 86 спрема 11. Законот сега оди кај претседателот Доналд Трамп.
Мерките опфаќаат руски банки, функционери и енергетскиот сектор.
Но најдраматичниот дел е можноста за воведување царини до 100 проценти врз големите купувачи на руска нафта и гас, што потенцијално ги става под огромен американски притисок Кина и Индија.
Ако мерките бидат активирани во максимален обем, последиците може да се почувствуваат и на светскиот пазар на енергија, бидејќи Кина и Индија се меѓу клучните пазари за руската нафта.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Америка усвои огромен пакет санкции против Русија…
Американскиот Конгрес усвои еден од најагресивните пакети…
Мицкоски од САД: Нови можности за инвестиции…
Во рамките на посетата на Вашингтон, претседателот…
ЦУК: Нема активни пожари низ државава, изгаснати…
Пожарникарите изгаснаа 14 огништа на отворен простор…
Македонските аеродроми бележат раст: Речиси 3 милиони…
Силен раст на воздушниот сообраќај во Македонија…
(Видео) Дата центри во САД: Бучава нема…
Општината Лаудон, во северниот дел на американската…