АМСМ: За влез во Македонија се чека и до 40 минути – Можност од појава на одрони на неколку патни правци

На граничниот премин Прешево-Табановце за влез во земјава се чека околу 40 минути. На останатите премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопштија утрово од АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пропаѓањето на американски банки нема да влијае…
Само 6,6 отсто од вкупните обврските на…
(Видео) Израелски историчар од Скопје: Сра*е е…
Несомнено е дека за депортацијата на македонските…
Слаб земјотрес во југоисточниот дел на Македонија
Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје…
Тажно: Најмладиот пациент кој оди на дијализа…
Најмладиот пациент во Македонија што оди на…
Никогаш да не се заборави: Се одбележуваат…
Од денеска до недела ќе се одбележуваат…