АМСМ: Останува на сила забраната за сообраќај на камиони на премините „Стража“ и „Ѓавато“, укината на „Буково“
Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Врнежи од снег се бележат на повисоките делови од државата, додека на пониските места врнежите се со послаб интензитет.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Забрана за сообраќај на тешки товарни возила:
– Од 18:00 часот на патниот правец крак Маврово-Дебар и на планинскиот премин „Стража“,
– Од 22:15 часот на магистралниот пат Крива Паланка-Граничен премин „Деве Баир“,
– Од 00:20 на патот А-3 Битола-Ресен, премин „Ѓавато“,
Прекината е забраната за тешки товарни возила на патен правец Ресен-Охрид, превој „Буково“ и патниот правец е прооден за сите видови на возила. Во 07.00 часот магистралниот пат А3 на патен правец Делчево-Граничен премин „Делчево“ е пуштен сообраќајот за сите видови возила и се одвива нормално.
Од 15 ноември 2026 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март 2027 година. Повеќе информации може да прочитате на овој линк.
Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Виница-Берово и Кочани-Делчево.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
АМСМ: Останува на сила забраната за сообраќај…
Сообраќајот на државните патишта се одвива по…
Зимата пристигна во Скопје: Врне снег, а…
Зимски временски услови ја зафаќаат земјава и…
Северна Кореја претстави сопствен ChatGPT, но политичките…
Северна Кореја претстави сопствен четбот со вештачка…
Санчез ја заврши кампањата со апел: Да…
Шпанскиот премиер во заминување, социјалистот Педро Санчез,…
Унгарците усвоија закон со кој политичарите се…
Унгарскиот парламент усвои закон со цел оддалечување…