Ангела Меркел ја доби наградата за мир на УНЕСКО

t

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел денеска во Брегот на Слоновата Коска ја прими наградата за мир на УНЕСКО за одлуката да прими повеќе од 1,2 милиони мигранти во Германија и покрај притисокот од таа земја и од европските партнери, пренесува РТВ.

Според АП, организаторите истакнале дека Меркел покажала политичка храброст кога, меѓу 2015 и 2016 година, Германија ги пречека бегалците кои избегаа од конфликтите во Сирија, Ирак, Авганистан и Еритреја.

Наградата за мир „Феликс Хоуфе-Боињи“ доделена на Ангела Меркел денес го носи името на првиот претседател на Брегот на Слоновата Коска по независноста од Франција во 1960 година, а наградата беше доделена во Јамусукро, главниот град на Брегот на Слоновата Коска и родниот град на Хоф-Боињи. – наведува АП, пренесува Танјуг.

Претседателот на жирито што ја додели наградата и добитник на Нобеловата награда за мир, Денис Муквеге, ја пофали Меркел за нејзината одлука да ги „отвори портите на Германија“ во време кога другите земји не сакаа.

„Покажавте на јавното мислење и на носителите на одлуки дека не само што мораме да ги браниме сопствените права, туку и правата на другите во време на криза, дека на секое општество му е потребно повеќе од кога било да ги почитува и штити човековите права без никаква дискриминација. Ја пофалуваме вашата хуманост, вашиот дух на солидарност и вашето изразено чувство за етика и вашето инспиративно лидерство“, рече Муквеге.

По врачувањето на наградата Меркел зборуваше за актуелната бегалска криза, особено за војната во Украина.

„Мислевме дека времето на војните во Европа помина, но од 24 февруари минатата година, кога се случи жестоката агресија на Русија против Украина, дојдовме до тажен заклучок дека тоа не е така. Војната ја потресе Европа до корен“, рече Меркел.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Расчистено убиството кај Смилковско езеро, уапсениот го…

МВР информира дека вчера по преземени оперативно…

15 девојчиња помали од 15 години лани…

Бугарската јавност беше шокирана од веста дека…

Татко-монструм: Се заканувал дека ќе ја запали…

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б.С.…

Хакери ја пробиле главната клауд-платформа на американското…

Хакери ја пробиле главната клауд-платформа на Военото…

Франција влезе во рецесија: економијата бележи пад…

Француската економија влезе во рецесија, покажуваат ревидираните…