Ангелов: Во март регистрирани околу 140 пожари, на располагање два функционални армиски хеликоптери

t

Во текот на месец март се регистрирани околу 140 пожари, а од кои неколку многу сериозни. Во Кратовско имавме пожар кој се простираше на површина од околу 20 хектари листопадна, даб и букова шума и 30 хектари борова шума. Исто така, и во Ресен имавме пожар кој што навлезе во овоштарници и при тоа предизвика голема штета. Оваа година штетите се проценети на околу 38,5 милиони евра, информира на денешната прес-конференција директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов.

Ангелов напомена дека најчести причини за појавата на овие пожари на отворено се палењата на пасишта, кои што најчесто ги палат сточарите цо цел тревата да биде побогата во претстојната сезона, но и од палење на стрништата и меѓите.

– Иако со закон ваквото палење е забрането, поради нивното недоволно внимание огновите излегуваат надвор од контрола и се шират на околната сува трева, а поголем дел од нив влегуваат во шума. Секој пожар, колку и да е мал на почетокот, може да прерасне во поголем пожар и да предизвика непроценлива штета на вегетацијата, на шумите, но и на животинскиот свет, а при тоа може да ги загрозува и човечките животи. Гаснењето на овие пожари повлекува со себе големи трошоци и ресурси, рече тој и посочи дека за в среда министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски свикал состанок на Управувачкиот комитет околу подготовките за справување со пожарите.

Ангелов изјави дека во моментов имаме два функционални армиски хеликоптери кои што можат да учествуваат во гаснење пожари. – Што се однесува до противпожарните авиони на Дирекцијата за заштита и спасување, едниот авион во секој момент треба да биде вратен, а останатите два авиони се во процедура да заминат на сервиси. Очекуваме тие да бидат спремни до почетокот на, условно кажано, сезоната на пожари која доаѓа со зголемувањето на температурите, рече тој.

Директорот на ЦУК изрази надеж дека претстојнава сезона нема да имаме потреба од меѓународна помош, но, како што рече, тоа е „последната скала во гаснењето на пожари“.

Ангелов упати апел до МЕПСО и ЕВН да посветат внимание на затегање на жиците и на чистење на појасите под далноводите, па дури кога би летале искри тие да не паднат во сува вегетација која веднаш би се запалила. Како ЦУК, рече тој, предлагаме да се формира едно владино тело кој што ќе врши надзор на затегањето на жиците, бидејќи ги детектиравме како една од причините за појави на пожари.

Тој ги повика граѓаните, пред се сточарите и земјоделците кои што ги палат пасиштата, стрништата и меѓите, кога веќе палат да бидат совесни и внимателни, бидејќи пожарот од мал може да прерасне во голем пожар, да бидат внимателни кога се движат по шуми, да не предизвикаат ненамерно палење кое што понатаму може да прерасне во голем пожар. Додека, пак, до градоначалниците Ангелов апелира уште од сега да ги стават во кондиција своите територијални противпожарни единици.

Ангелов апелирашр до граѓаните доколку забележат пожар веднаш да го пријавуваат на бесплатниот број 112 за навремено да може да дејствуваат противпожарните единици.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Ковачевски за “Инфомакс”: Се согласувам со…

На прашање на Инфомакс дали премиерот Ковачевски…

Илон Маск се пишамни: Повторно сака да…

Илон Маск му понуди на Twitter повторно…

(Видео) Ковачевски за “Инфомакс”: Нема да има…

На прашање на Инфомакс до премиерот Ковачевски…

(Видео) Ковачевски: Му објаснив на Мицкоски какви…

Денес имавме средба со пртседателот и тимот…

Кичевскиот градоначалник ги критикува СДСМ и ДУИ:…

Покрај низата високи партиски членово и екс-функционери,…