ЦУК: Можни се поплави во Арачиново, Стајковци и Скопска Црна Гора вечерва, ако не мора да не се излегува од дома
Воздушна маса со изразена нестабилност се задржува над подрачјето на Стајковци, Арачиново и Скопска Црна Гора, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Невремето кое го зафати овој регион е проследено со поројни врнежи, силен ветер и појава на град, што го зголемува ризикот од локализирани поплави, предупредуваат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
„Во моментот невремето е проследено со поголема количина на врнежи град и силен ветер. Бидејќи воздушната маса ќе се задржи на тоа подрчје можно е да предизвика и поплава. Апелираме до граѓаните во во овие подрачја:
– Да останат во своите домови;
– Да избегнуваат движење низ поплавени или потенцијално небезбедни зони;
– Да ги заобиколуваат поплавените улици и подвозници;
– Да ги отстранат предметите од дворовите кои би можеле да ги однесе ветерот или водата;
– Да ги следат препораките од надлежните институции“, апелираат од ЦУК.
Центарот за управување со кризи е во координација со сите релевантни служби и ја следи состојбата во ризичните подрачја. Во случај на потреба или опасност, јавете се на 112, апелираат од ЦУК.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нов случај на западнонилска треска и во…
Бројот на потврдени случаи на западнонилска треска…
Полицијата пукаше во Арачиново, возач со камион…
– На 24.05.2026 околу 12:00 часот на…
МВР, шумската полиција и „Национални шуми“ во…
Заменик-директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов,…
Малолетник повреден од остар предмет во училиште…
На 23.04.2026 во 10:30 часот во СВР…
(Видео) Гори дива депонија во Арачиново –…
Загрижени граѓани испратија видео до редакцијата на…