Ангелов: Споменикот на УЧК треба да биде пример за македонскиот државен и политички врв како треба да се чествуваат бранителите од 2001 – Ние имаме споменик во строгиот центар на Скопје ама нема кој да се поклони пред него

t

Претседателот на политичката партија “Достоинство” и директор на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов на неговиот Фејсбук профил реагираше на церемонијата за свечено откривање на споменикот на УЧК во Слупчане.

“20 МЕТАРСКАТА КУЛА НА УЧК И БОРБАТА ЗА ТРАЕН МЕЃУЕТНИЧКИ МИР


Свеченото отворање на 20 метарската спомен кула на УЧК во Липково на кое присуствуваа и Али Ахмети, Талат Џафери, Артан Груби, Фатмир Бесими, Бујар Османи и други високи претставници на владата, собранието и на ДУИ, колку и да не му се допаѓа некому, треба да биде пример за Македонскиот државен и политички врв, како треба да се чевствуваат македонските Бранители од 2001-та кои го дадоа својот живот бранејки ја татковината.

Чевствување на загинатите но и почит кон ранетите, трауматизираните и сите останати македонски Бранители кои на било кој начин и во било кој обем учествуваа во одбраната на Македонија во 2001 година.За разлика од овој нов споменик на УЧК кој се наоѓа некаде далеку во Липковско, ние, македонските Бранители од 2001-та, имаме достоинствен и репрезентативен споменик во строгиот центар на Скопје, во непосредна близина на македонското Собрание и скопскиот плоштад.

Останува уште, на овој наш споменик на Бранителите од 2001-та, да се поклонат и претставници на највисокиот македонски државен и политички врв.Затоа, повикувам да не се крева непотребна меѓуетничка тензија поради новиот споменик на УЧК бидејки јас, како непосреден учесник во одбраната на Македонија во 2001-та, можам само да им честитам на наследниците на УЧК -ДУИ, за почитта која ја покажуваат кон загинатите од нивните редови.

Тие нека си ги чевствуваат нивните, ние да си ги чевствуваме нашите загинати а сите заедно да дадеме се’ од себе во Македонија никогаш повеќе да не ни се повтори војна и конечно да завладее целосен меѓуетнички мир.За крај да потсетам дека во Македонија има безмалку стотина достоинствени споменици, спомен обележја како и значајни објекти кои ги носат имињата на загинатите македонски бранители од 2001-та.

Претседател на ДостоинствоСтојанче Ангелов” – напиша Ангелов на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Стоилов објави крај на репрезентативната кариера: Ми…

Македонскиот ракометен репрезентативец Стојанче Стоилов вчера по…