Ангов: Кривичната пријава против мене е неоснована

t

Поранешниот градоначалник на Дојран од редовите на СДСМ, Анго Ангов, смета дека кривичната пријава против него е неоснована.

„Сметам дека е носено согласно сите законски процедури. Луѓето кои се вработени во секторот урбанизам си ја знаат работата и не е првпат да се носат вакви одобренија за градба не само во мое време, туку и во времето на претходните градоначалници, да не зборуваме, една патека која е изградена до Дојранското езеро е изградена буквално според никакви законски прописи. Многу дилеми има околу овој крајбрежен појас. Што се однесува до постапката, мислам дека е направена, ајде да не речам политички или поради политички притисоци, не знам како и што да мислам, меѓутоа оваа кривична пријава е неоснована“, вели Ангов за ТВ24.

Денеска полицијата соопшти дека ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Гевгелија против Т.З. (37) од Стар Дојран, Б.К. (54) од Нов Дојран и А.А. (41) од Стар Дојран, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 од Кривичниот закон.

Според пријавата, на 29.04.2024 година пријавените, со неизвршување на своите службени должности во текот на управна постапка, постапиле спротивно на повеќе законски прописи, меѓу кои Законот за прогласување на Дојранското Езеро за споменик на природата, Законот за води и Законот за градење.

„Првопријавениот, во својство на овластен комунален инспектор во Општина Дојран, изготвил одобрение за градење за угостителски објект со хотелско сместување на инвеститор од Струмица, иако во основниот проект недостасувала задолжителна водостопанска согласност. Второпријавениот, вработен како самостоен референт во областа на урбанизмот и градежништвото, го контролирал и одобрил издаденото одобрение, и покрај утврдените недостатоци. Третопријавениот, кој во тој период ја извршувал функцијата градоначалник на Општина Дојран, го потпишал и го издал одобрението за градење“, соопшти МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ангов: Кривичната пријава против мене е неоснована

Поранешниот градоначалник на Дојран од редовите на…

Кривична пријава за екс градоначалникот на Дојран…

СВР Струмица – ОВР Гевгелија поднесе кривична…

Кривична за екс директорка од Дојран: Активирала…

ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава до Основното…

Кривична за битолчанец: Вршел полови дејствија пред…

СВР Битола поднесе кривична пријава против Н.М.(54)…

Во Дојран ќе се гради инклузивна плажа…

Дојран ќе добие инклузивна плажа на брегот…