Кривична за екс директорка од Дојран: Активирала паркинг зона без согласност од институциите и оштетила граѓани за околу 240 илјади денари
ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Гевгелија против Р.Р. (62) од Стар Дојран, поради сомнение за „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Според пријавата, како директор на јавно претпријатие во периодот од април 2025 до јануари 2026 година, таа постапувала спротивно на законските прописи и ги пречекорила службените овластувања.
„По склучен договор за електронски систем за наплата на паркинг, пријавената побарала активирање на наплата на три паркинг-зони, меѓу кои и една без потребна согласност од надлежните институции. Со тоа, овозможила противправна имотна корист од околу 240.000 денари, на штета на повеќе граѓани“, соопшти МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
18 години затвор за Дојранецот кој до…
Основниот суд во Гевгелија му изрече казна…
Газда на фирма не пријавил данок од…
Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава…
Градоначалникот на Дојран качен на камион му…
Градоначалникот на Дојран, Илија Тентов, вчера качен…
Голема акција на италијанската полиција: Запленета дрога…
Италијанската полиција заплени дрога вредна 3,5 милиони…
Уапсени 21 возач, 13 возеле без возачка…
Во текот на изминатото деноноќие на целата…