Андоновски: На времето им пречеше химната, сега Делчев – Има ли нација кога народот ќе си ја заборави државата?

t

Меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Андоновски, на неговата Фејсбук страна објави кратка колумна насловена како “Порив за автоцензура”.

Еве што пишува Андоновски:


“ПОРИВ ЗА АВТОЦЕНЗУРА

Многу е поразителна македонската потреба да се порекнуваш себе си.

1990-91та, во времето на градењето независност, на некои им пречело наместо сликата од Јосип Броз Тиро, во Собранието да се постави онаа на Гоце Делчев.

Наместо да се изведе македонската химна, се барало да се изведе “Хеј Словени”. Додека Словенија и Хрватска зборувале за независна и самостојна држава, некои во референдумот додале апозиција – Дали сте за суверена и независна држава Македонија, со право на влез во иден сојуз на суверените држави на Југославија?

Лесно го сменивме знамето. Лесно додававме референци на името. Лесно раздаваме национални херои.

Истото го гледам денес. Потрчуваат некои уште од 2019тата да го употребуваат северна, С со точка, РСМ со ништо непритиснати. Никој од нив тоа не го побарал. Се натпреваруваат кој ќе биде поаморфен… кој ќе биде подалеку од себе… кој ќе се понижи најмногу. Трка кој е подготвен најмногу да се понижи. Трка кон дното.
И потоа она одвратно повторување – “нашата земја”. Форма која го опфати и македонскиот јазик, па тој стана “нашиот јазик”. Вирус кој ја зарази и нацијата, па таа стана “граѓани”, “ние”, етничките Македонци. Ние не сме етнички – ние сме Македонци.

Денес таа автоцензура оди и кон историски ревизионизам. Бугарската окупација во Македонија не била фашистичка. Гоце Делчев не е најголемиот лик во македонското револуционерно дело. Петрич и Струмица зборуваат еден ист јазик.
Каде е доста? Уште колку можеме да издржиме? Има ли народ откога човекот ќе се откаже од себе?

Има ли нација, кога народот ќе си ја заборави државата?”

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Божиќно пocлание на г.г. Стефан: Да подариме…

Божјата љубов кон нас се покажа во…