Андреј Петров и Игор Ивановски-Шема се враќаат во врвот на СДСМ

t

Високи функционери на СДСМ од времето кога претседател беше Бранко Црвенковски, но се пасивизираа откако партиски лидер стана Зоран Заев, повторно ќе заземат високи позиции во новото партиско раководство предводено од Димитар Ковечевски, објавива Фокус.

Според високи партиски извори, поранешениот генерален секретар на СДСМ Андреј Петров треба да биде член на Извршниот одбор, додека некогашниот потретседател Игор Ивановски треба да го предводи новиот Совет за креирање и имплементација на политики.

Инаку, утре треба да се одржи седница на Централниот одбор на владејачката партија, за да се комплетира новото партиско раководство

Според сознанијата на Фокус, Фатмир Битиќи, Перо Костадинов и Бисера Костадиновска речиси сигурно ќе бидат потпретседатели, додека се уште неизвесен е четвртиот потпретседател кој треба да дојде од Скопје.

Во комбинација за ова место се Нина Фити и Стефан Богоев, но, исто така, се споменуваат и други лица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче до Гир: Се сомневам во намерите…

Претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче,…

СДСМ: Гаши да одговора!

Откако не успеаја да го скријат скандалот…

СДСМ: И во наше време Османи сакаше…

Најголемата опозициска партија СДСМ упати низа обвинувања…

СДСМ до Мицкоски: Aко имаш докази објави…

„Откако дојде на власт, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ…

Филипче: МВР да истражи што се случило…

Недозволиво е за една ваква сериозна работа…