СДСМ: Филипче нема допирна точка со Крмзов, ајде Мицкоски нека каже колку е дебела неговата врска со Нацев од Рубикон
Со денови од белата палата на ВМРО-ДПМНЕ се штанцаат лаги, конструкции и валкани манипулации, насочени кон претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
Јавно, јасно и гласно повторуваме: Венко Филипче нема никаква врска со Крмзов, ниту со било кои измислени сценарија што панично ги пласира ВМРО-ДПМНЕ, соопштија денеска од СДСМ.
– Оваа очајна црна кампања само ја разоткрива внатрешната нервоза и стравот кој владее кај Мицкоски и неговата партија. Наместо идеи, резултати или одговори на сериозните прашања од јавноста, ВМРО-ДПМНЕ се крие зад фабрикувани обвинувања и дезинформации.
Вистината е јасна – ова е обид на Мицкоски да ја тргне фокусот од својот долгогодишен соработник и близок партиски кадар, Александар Нацев – притворениот сопственик на обезбедувањето „Рубикон“, осомничен за трагедијата во дискотеката Пулс во Кочани.
Нацев е дел од ВМРО-ДПМНЕ – член на Комисијата за одбрана и безбедност, делегат на конгресот на кој Мицкоски беше избран за претседател, со редовни настапи од истата таа говорница од која денес се шират лаги.
Мицкоски и Насев имаат заедничка историја, заеднички фотографии, заедничка одговорност. Тоа е дебела врска сплетена околу вратот на кочанчани, велат од СДСМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: Платформата е поврзана со власта, ѝ…
СДСМ остро реагираше на денешното јавно претставување…
Платформата “12.05“ подготвува опозициски фронт со СДСМ…
За да се победи актуелната власт потребно…
ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не шират паника, Филипче…
Пензионерите денес имаат конкретени резултати кои што…
ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ си ги мерат „АРМИИТЕ“…
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ и опозициската СДСМ денес повторно…
ВМРО-ДПМНЕ: На Филипче му смета секој успех…
Филипче денес се најде да зборува за…