Апасиев пред лидерската средба: Немаме никаков проблем да ја укинеме Пржинската влада, нас ни е сеедно кои се на власт, ние секако го ’јадеме стапот‘!

t

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, денеска за првпат учествуваше на лидерска средба свикана од премиерот Христијан Мицкоски. Тој истакна дека партијата ја прифатила поканата бидејќи средбата се одржува во рамки на институциите, а не во „хотели во Маврово или амбасади“, пренесе4њуз.

Апасиев нагласи дека главен приоритет на Левица е итна промена на Изборниот законик. Според него, ова е неминовно пред какви било следни избори, бидејќи неговата партија е „единствената цензурирана партија во последните 35 години плурализам“.

„Доколку се распишат предвремени избори со овој законик, ние повторно ќе бидеме цензурирани. Тоа е нашиот главен интерес за присуство на оваа средба“, изјави Апасиев пред почетокот на состанокот.

Во однос на Пржинската влада, Левица има јасен став – таа треба да стане минато. Апасиев ја нарече овој модел „бирократски остаток“ од времето кога Македонија била третирана како протекторат.

„Немаме никаков проблем да ја укинеме Пржинската влада. Нас ни е сеедно дали ДПМНЕ или СДСМ се на власт, ние секако го ’јадеме стапот‘ кој и да е на власт“, дециден е лидерот на Левица.

Покрај изборните реформи, Левица на средбата најави дека ќе ги изнесе и економските барања на синдикатите. Сепак, Апасиев изрази доза скептицизам кон владејачката партија.

„Не очекуваме ништо посебно, знаејќи го досегашниот лицемерен однос на властодржците од ДПМНЕ. Но, секогаш има прва шанса. Како единствена опозициска партија која бележи раст, очекуваме конструктивен дијалог и прифаќање на нашите барања во наредните месеци“, заклучи тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Апасиев пред лидерската средба: Немаме никаков проблем…

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, денеска за…

Македонија СДСМ: Сопственикот на фирмата што добила…

Антикорупцискиот тим на СДСМ обвини дека фирмата…

Техеран предупреди дека ќе ги нападне американските…

Техеран ги предупреди земјите во регионот дека…

Кочоска: „Мој ДДВ“ останува

По вчерашната изјава на директорката на УЈП,…

Почна лидерската средба – Филипче не се…

Во Клубот на пратениците започна лидерската средба…