Кочоска: „Мој ДДВ“ останува
По вчерашната изјава на директорката на УЈП, Елена Петрова дека мерката „Мој ДДВ“ не го дала посакуваниот ефект, министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска денеска информира дека не се размислува за укинување на мерката. Вели дека вчера немала прилика да го слушне гостувањето на директорката, но потенцира дека во МФ не размислуваат на тема за менување на законот.
-Не можам да кажам дека ќе има било какви промени. Напротив, сето останува како што беше досега, рече Димитриеска Кочоска на прес-конференција во Владата.
Петрова вчера рече дека мерката, која беше воведена во 2019 година, требаше да доведе до намалување на сивата економија преку фактот што секој граѓанин го поставува во улогата на даночен инспектор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нетанјаху ја губи поддршката за формирање влада,…
Позицијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во…
(Видео) Мицкоски: Опозицијата прави хистерија околу Алта…
Опозицијата прави хистерија околу Алта банка, вели…
Универзитетот во Белград алармира: БИА речиси една…
Универзитетот во Белград изрази загриженост поради сознанијата…
(Видео) Мицкоски: ЕУ останува стратешка определба, ставот…
Премиерот Мицкоски на денешната заедничка прес-конференција со…
ВМРО-ДПМНЕ: Во куќата на Заев во Грција…
„Во куќата на Зоран Заев во Грција…