Апелација донесе ослободителна пресуда за Бојан Јовановски за „Меѓународен сојуз“
Адвокатот Сашо Дуковски кој во случајот „Меѓународен сојуз“ го застапуваше Бојан Јовановски (Боки 13), на социјалните мрежи соопшти дека Апелациониот суд донел ослободителна пресуда за Јовановски.
„Ете, правдата е спора но достижна! Апелациониот Суд во Скопје денес донесе ослободителна пресуда за Бојан Јовановски во предметот “Меѓународен сојуз”. Со тоа ја ПРЕИНАЧИ првостепената пресуда на Основниот кривичен суд од 5 години!! Тоа е. По лошо обвинение следи ослободителна пресуда! Тоа е! Ајт!“, напиша тој.
