Апелациja обpaзложи зошто му го ykина притвopoт на Сашо Миjaлков

По завчерашната одлука на Апелација, Кривичниот суд на барање на обвинителството му определи нов притвор на Мијалков, но за случајот Плацеви на Водно. Неговите адвокати поднесоа жалба по која ќе се одлучува следната недела.
Скопскиот Кривичен суд погрешно оценил дека понудената гаранција на Сашо Мијалков нема да го обезбеди во понатамошниот тек на постапката – ова е главниот заклучок од образложението на Апелација, со чие решение, потпишано од судиите Енвер Беџети и Ѓоко Ристов, неделава му беше укинат притворот на ексдиректорот на УБК.
Во образложението, судиите на десетина страници во најголем дел се задржуваат на понудената гаранција во вредност од над 11 милиони евра која опфаќа станови, деловни објекти, хотелски апартмани, бензинска пумпа и земјиште. Потоа, осврнувајќи се одлуката на Кривичниот суд за притвор, се вели:
-Не е спорно дека кривичната постапка е во тек и дека се уште е потребно обезбедување на присуство на обвинетиот со цел да се спречи истиот да се даде во бегство, што преставува основ за мерката притвор, но со оглед на околностите дека идентитетот на обвинетиот е утврден и познат, има оформено потесно семејство, родител е на две деца, а во корелација со висината на определената гаранција, советот на овој суд цени дека погоре наведените околности преставуваат вредносно обезбедување за присуство на обвинетиот во понатамошниот тек на кривичната постапка, велат одАпелационен суд Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Скопјaнка го прободела бившиот партнер со ножици,…
Жена осомничена за обид за убиство на…
Избрани нови судии во скопска Апелација
Габриела Гајдова, Александра Ристевска, Весна Димишкова и…
Гордана Јанкуловска излегува на слобода
Апелациониот суд Скопје ѝ ја уважи жалбата…
Не е само нашето судство: Свирепо ја…
Апелациониот суд во Белград му го укина…
Кривична пријава за насилник од Битола, одреден…
Криминалистичката полиција при СВР Битола до Основното…