Апел за помош: Да им помогнеме на Виктор и Леон
Почитувани читатели на Инфомакс, Ве замолуваме доколку сте во можност да им помогнеме на Виктор и Леон на кои им се потребни парични средства за да се изборат за својот живот.
Во продолжение податоци за Виктор и Леон.

Леон е роден со спина бифида во долниот дел од ’рбетот и хидроцефалус. Поради ова, тој не може да ги мрда долните екстремитети. Уште од првиот ден, неговото детство не е како на другите деца. Наместо трчање, игра и безгрижност – болници, операции и солзи.
До сега Леон помина низ две тешки операции. Многу болка, многу страв, но и огромна храброст. Тој никогаш не се жали. Само ме гледа со тие негови очи полни надеж… а јас како мајка се распаѓам одвнатре затоа што не можам да му го дадам она што најмногу го посакува – да застане, да чекори, да трча со другарчињата.
Сега пред нас е нова операција во болница во Белград.Операција која може да биде чекор кон подобар живот за моето дете.За неа се потребни 8.000 евра – сума што за нашето семејство е недостижна без помош.Живееме со голема тага, но и со надеж.
Надеж дека ќе дојде денот кога Леон нема само да гледа како другите деца играат, туку ќе биде дел од нив. Надеж дека неговото детство нема засекогаш да биде врзано за болка и ограничувања.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кина ѝ нуди помош на Куба за…
Кинеското Министерство за надворешни работи соопшти дека…
РСБСП со апел: Внимателно и одговорно учество…
Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на…
Бугарската влада одобри 460.000 евра помош за…
Бугарската влада ќе додели вкупно 900 илјади…
Дали треба да излеземе на улица за…
Дали крикот на Личните Асистенти ке биде…
Апел од граѓани на Кочани за „нелегален,…
На социјалните мрежи се шири Апел од…