Кина ѝ нуди помош на Куба за проблемот со недостигот на гориво за авиони
Кинеското Министерство за надворешни работи соопшти дека нема извештаи за кинески државјани на Куба откако авиокомпаниите ги прекинаа летовите поради недостиг на гориво предизвикан од блокирањето на пратките од Венецуела од страна на САД, и дека секогаш е подготвено да „понуди помош“.
Портпаролот на министерството, Лин Џиан, изјави дека Кина цврсто ја поддржува Куба во заштитата на националниот суверенитет и безбедност и се спротивставува на странското мешање, објави Ројтерс.
„Секогаш ќе ѝ пружиме поддршка и помош на кубанската страна колку што можеме“, нагласи тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кина прекина со извоз на горива поради…
Кинеските рафинерии го прекинаа извозот на нафтени…
САД и Кина се договорија да ги…
САД и Кина се договорија да ги…
Кинески хакер нападна над 100 компании користејќи…
Агенти со вештачка интелигенција (ВИ) од компании…
Си Џинпинг до Трамп: Односите меѓу Кина…
Американскиот претседател Доналд Трамп и неговата сопруга…
Трамп: Вештачката интелигенција ќе биде главна тема…
Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека вештачката…