Објавено на:

Апсења низ Скопје, пронајдена марихуана

t

На 05.04.2024 во 17.35 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го привеле В.С.(62) од Скопје, кој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување затворска. Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Скопје за издржување на казната.

Денеска (06.04.2024) во 01.45 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода К.Б.(34) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и бела грутчеста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска (06.04.2024) во 01.50 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.Т.(29) од с.Шишево, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска (06.04.2024) во 03.00 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Т.(20) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата на Србија ги повика институциите и…

Владата на Република Српска ги повика институциите…

(Видео) Бараат да се откажеме од името…

Вселенската патријаршија поставува неприфатливи услови за да…

Ескобар: Добивме уверување од сите нивоа на…

Очекуваме дека Македонија ќе продолжи по европскиот…

Владата донесе одлука за испраќање на македонски…

Владата на Република Македонија на предлог на…

ЦУК: Жителите на Куманово да не пијат…

Утрово, денеска, до Центарот за управување со…