Армијата на Република Македонија испрати обучен тим за помош во Турција
Армијата на Република Македонија упати тим за претрага и спасување составен од 24 армиски припадници и две кучиња, коишто веќе заминаа за Турција.
-Армијата со авион упати обучен тим за пронаоѓање и спасување, составен од припадници на баталјонот за специјални сили и двајца водачи со службени кучиња, обучени за трагање од командата за обука и доктрини, кои ќе го вложат нивниот максимум за спасување на човечки животи под урнатините, настанати од катастрофалниот земјотрес во нашиот сојузник Турција, информираа од Армијата на Република Македонија.
Претходно, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Беким Максути, за МИА потврди дека тимови за заштита и спасување составени од 40 лица, се упатени во реонот погоден од земјотрес во Турција, Газиантеп.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Стан во Аеродром за млади по 950…
Младите брачни парови би можеле да купуваат…
ОЈО со детали за убиството кај Смилковско…
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за…
Нова блокада на патот кон ЕУ: Словенија…
Словенија нема да даде согласност за натамошен…
„Ниту една повеќе“ не сака политичари и…
Неформалната иницијатива „Ниту една повеќе“ објави на…
Кравите од Крива Паланка ќе одат во…
Одземениот добиток од подрачјето на Општина Крива…