АРМ: Нема нови случаи на шуга кај војниците, состојбата се следи
Во врска со случајот со двајца професионални војници од велешката касарна „Алексо Демниевски – Бауман“ кај кои беше дијагностицирана шуга, Армијата на Република Македонија денеска соопшти дека нема нови заразени припадници и дека ситуацијата се следи.
Според информации од ТВ 24, најмалку десетмина се ставени во изолација, но од АРМ ги отфрлаат овие тврдења како неточни и ги оценуваат како шпекулации.
Некои сведоци од касарната за медиумите наведоа дека шугата се појавила поради несоодветни хигиенски услови во објектот каде што новите професионални војници пред месец и половина положија свечена заклетва. Армијата, сепак, нагласува дека овие информации не одговараат на реалноста и дека се преземени сите мерки за заштита на војниците.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
АРМ: Нема нови случаи на шуга кај…
Во врска со случајот со двајца професионални…
Заев: Барам јавно извинување од Петрушевски и…
Се налути Заев. По долго молчење на…
Бабиш ја повика Европа да почне преговори…
Чешкиот премиер Андреј Бабиш повика Европа да…
17годишно момче тешко повредено при сообраќајка на…
МВР информира дека на 07.02.2026 во 23:20…
Институциите спијат, глутниците напаѓаат- водич за самозаштита
Додека чекаме институциите да постапат на терен…