Арсовска: Ганиу со фалсификат во Чаир „легализирал“ згради и со 50 станови!

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, по бројните објави деновиве за нелегалните градби во општина Чаир, вели дека во таа општина со лажни документи веќе се легализирани згради кои имаат и по 50 станови.
– Висар Ганиу со фалсификат документи во општина Чаир незаконски “легализирал” згради од по 50 стана на 20.03.2025 година. За него нема никаква одговорност, додека луѓе со децении не можат да легализираат по 20 квадрати тераси и гаражи низ цела Македонија. Државата и институциите не функционираат – напиша Арсовска во објавата во која исто така сподели и видео од гостување.
Во него таа посочува дека иако градоначалникот на општина Чаир неколку пати бил одбиен за легализација на 150 објекти, бидејќи немал ниту документи за истото, ниту биле соодветно направени. Меѓу другото градоначалничката укажа дека на 20 март 2025 направил фалсификат, иако му биле испратени инструкции кои треба да ги следи, или да се стопира постапка и да се оди по легален пат, или да се сруши тоа што е нелегално изградено.
– Уште пред три години, за секоја дивоградба која пробал да ја легализирам му се пратени инструкции како да постапува, или да обезбеди документи, или да се сруши тоа што се изградило нелегално. Еден по еден се наредија 150 случаи – посочува таа и додава дека градоначалникот на Чаир стопирал со постапката во градот, но со лажни документи аплицирал во Катастарот.
– Откако почна да му гори, да му палат возила во Чаир, почна да врши притисок да добие документи за тие згради. Замислете како ќе изгледа да излегувам за секоја зграда поединечно во јавност дека се бара легализација без основ – кажа Арсовска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Арсенал илегално оружје и муниција пронајдени во…
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…
Арсовска: Ганиу со фалсификат во Чаир „легализирал“…
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, по…
Ивановска: Сега е шанса да се расчисти…
- Ова е шанса да се расчисти…
Чаир е 19-ти по број на дивоградби…
Директорот на Државниот инспекторат за урбанизам и…
Јакимовски до Тошковски за дивоградбите во Чаир:…
*Фејсбук објава на градоначалникот на Општина Карпош,…