Чаир е 19-ти по број на дивоградби – Гази Баба и Гостивар имаат најмногу, тврдат од Државниот инспекторат

t

Директорот на Државниот инспекторат за урбанизам и градежништво, Зухејр Реџепи вели дека проблемот со неовластено градење е проблем во сите општини во државата, а не само во Чаир. Врз основа на статистиката, вели тој, општината што води по бројот на бесправни градби во целата држава е Гази Баба.

Реџепи откри и официјални податоци за бројот на неовластени градби во рамките на Градот Скопјe, каде од вкупно 10 општини, Чаир е на шесто место.

„Моментално во Република Македонија, имаме евидентирано 203 илјади нелегални градби. Се обидовме да ги поделиме овие 203 илјади неовластени градби во табеларна форма и имаме преглед град по град. Овие податоци се официјални податоци што се потврдени од самите општини, вкупно 80 се на републичко ниво“, вели Реџепи во интервју за „Лајм“.

Во вкупниот број на општини, врз основа на податоците што ги имаат самите општини, општина Гази Баба предничи со 10.984 бесправни градби, по што следуваат Гостивар со 8.878, Прилеп со 8.500 и Тетово со 8.200 такви градби. На оваа општа листа од 80 општини, Чаир е на 19-то место со 3158 бесправни градби.

„Ако погледнеме и анализираме, овој проблем не е локален проблем на една општина, туку проблем на државно ниво“, вели Реџепи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Откриен магацин со нелегални лекови во…

На 21.09.2026 година, спроведено е полициска акција…

Тошковски: Интензивно се работи на расчистување на…

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска…

Меџити: Чаир и Вакарици кон збратимување

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, денеска…

Клековски: Прободениот 13-годишник сѐ уште е во…

Тринаесетгодишното дете кое беше прободено со нож…

Определен притвор за едно лице за претепаниот…

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен…