Арсовска ги покани чешките компании: Секој кој сака да инвестира ќе добие поддршка од Град Скопје

t

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, учествуваше во Македонско-Чешкиот бизнис форум што се одржа денеска во Скопје, при што ја потенцираше одличната соработка која македонските компании ја имаат со компаниите од Чешка, која е во топ 20 трговски партнери на земјава.

Таа додаде дека ова е одлична можност за вмрежување на компаниите, како и дека Градот Скопје става на располагање поддршка на компаниите кои се заинтересирани за инвестиции во Скопје.

– Во рамки на форумот Арсовска имаше билатерална средба со заменик министерот за индустрија и трговија на Чешката Република, Едуард Муржицки на која се договорија конкретни чекори и активности за зголемување на трговската размена меѓу двете земји, соопштија од Град Скопје.

На бизнис форумот свои обраќања имаа и заменик министерот за индустрија и трговија на Чешката Република, Едуард Муржицки, амбасадорот на Чешката Република во Скопје, Јарослав Лудва, како и заменик министерот за транспорт и врски, Беким Реџепи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трагедија: Скопјанец пронајден мртов во стан

На 03.10.2022 во 23.08 часот во Полициска…

Половина Скопје без струја поради дефект на…

Половина Скопје утрово пред 9 часот остана…

21-годишна девојка физички нападнала полицаец во Скопје

На 01.10.2022 околу 24 часот пред угостителски објект на…

Разбојници со нож нападнале и ограбиле скопјанец…

На 01.10.2022 околу 18,00 часот на подрачје…