Арсовска: Ги реализиравме сите ветувања предвидени за првите 82 дена

t

Реализацијата на сите ветувања во рок од 82 дена е показател за добрата организација, напорната работа.

Арсовска истакна дека посветено, со многу труд, целта е да се врати довербата во градските институции, да бидат во служба на граѓаните, да работат за поубав град, Град во кој видливи ќе бидат позитивните промени за добро на сите граѓани.

Исчистени се над 150 диви депонии во Градот од кои над 120 мапирани за време на изборната кампања. Чистењето на дивите депонии ќе остане пракса и во наредните години, се со цел чиста околина и чист воздух.

Арсовска истакна дека се воведени редовни ноќни линии на автобускиот превоз, особено за време на викендот. Покрај активирањето на ноќните линии, овозможени се нови линии до населени места на периферијата на градот.

Како еден од поважните чекори кои Арсовска вети дека ќе ги преземе е формирањето на Градски Еко Совет – Зелен совет во градот во соработка со невладиниот сектор.

Овој Градски Еко Совет ќе работи во координација со програмата која Град Скопје ја има предвидено во однос на урбаното планирање на градот, како и развивањето на нови зелени површини кои се преку потребни во градот Скопје.

Градскиот Еко Совет ќе има советодавна улога и при најголем дел од активностите кои ќе се преземаат во насока на развивање на зелени површини во Скопје, истите ќе имаат можност да дадат свој предлог или сугестија до Градот.

Инициран е предлог Закон за прогласување на Водно за заштитена парк шума, во соработка со здруженијата „О2” и „Го сакам Водно”, а негова главна цел ќе биде заштита на Водно како зелен појас.
https://www.facebook.com/CityofSkopje/posts/4975021435877362

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Претреси во Скопје, пронајден амфетамин

Денеска (26.12.2024) во 10.15 часот од страна…

АХВ: Водата во Скопје е безбедна за…

Инспекциските служби на Агенција за храна и…

Од март директна авиолинија од Скопје до…

Од март ќе биде воведена директна авиолинија…

БРАВО! Скопјани ќе добијат вода за неколку…

Во завршна фаза се активностите за санација…

Од вечер повеќе од половина од Скопје…

Од 22 часот денеска, повеќе од половина од Скопје…