Објавено на:

Арсовска додели награди и благодарници за најдобрите на регионалните средношколски натпревари

t

Градоначалничката Данела Арсовска денеска додели награди и благодарници на ученици, ментори и акредитирани здруженија за учеството и постигнатиот успех по најразлични наставни предмети на регионалните скопски натпревари. На 66 ученици, 52 ментори и 10 здруженија за освоени први места меѓу наградените, благодарници беа доделени на претставници од средните училишта на Град Скопје и од приватни и државни средни училишта.

-Ги поттикнуваме успешните ученици да ги покажуваат своите знаења во различни области и континуирано да го надградуваат својот потенцијал. Освоените први места се особено важни, да се наградат најдобрите и да им дадеме дополнителен поттик и понатаму вредно да работат и да нижат успеси со кои ќе се гордееме сите. Благодарност и до менторите кои своите знаења и вештини посветено им ги пренесуваат на младите генерации, но и на здруженијата за организацијата на квалитетни натпревари, рече градоначалничката Арсовска, на денешното доделување на признанијата.

Во рамки на Програмата за активности на Град Скопје од областа на средното образование за 2022 година, активноста Награда за најдобрите е организирање регионални натпревари од акредитирани здруженија за најразлични области.

Градот Скопје склучи Меморандуми за соработка со 10 здруженија, по што се наградуваат учениците и нивните ментори за освоените први места. Градот Скопје, освен благодарници доделува и парични награди на секој ученик и на секој ментор.

Целта е да се поттикнат талентираните и успешни ученици и понатаму да ги развиваат и надградуваат своите потенцијали и можности. Институционалната поддршка е од особена важност за градење на младите како успешни личности и алатка за системско поттикнување на квалитетот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хамас е подготвен на примирје со Израел…

Заменик-претседателот на политбирото на Хамас за Газа,…

Петмина тинејџери обвинети за тероризам по прободувањето…

Пет тинејџери се обвинети за терористички дела…

ЦУК: Без пожари на отворено, поплавен подвозник,…

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира…

Украинските мажи нема да можат да вадат…

Украинската влада донесе одлука со која дополнително…

ДИК ГИ КОМПЛЕТИРАШЕ РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ВЧЕРАШНИТЕ ИЗБОРИ:…

По скоро целосна обработка на гласачките ливчиња,…