Арсовска за БРТ: Некој од лукративни причини се обидува агpecивно да наметнува штeтeн проект за граѓаните и eколошка кaтacтрофа за градот Скопје

t

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска вечерва во вестите на Сител ТВ, за БРТ превозот, истакна дека веројатно причината за агресивно наметнување на овој проект е лукративна цел, а проектот е штетен и ќе донесе еколошка катастрофа за градот Скопје.
Верувам дека причината е лукративна, зошто некој се обидува толку агресивно на граѓаните да им наметне проект за кој нема одлука на Советот на Град Скопје, ниту граѓаните ја избрале во изборна програма, ниту во 2017 година им бил презентиран таков проект, а видовме дека сега на локалните избори не се одлучија за БРТ превоз, рече Арсовска.

Арсовска вели дека според информациите БРТ ќе беше своевидна еколошка катастрофа за градот, и нема да го реши проблемот со загадувањето. Воедно доколку се постави движењето на БРТ над главниот водоснабдителен систем на Скопје за питка вода за граѓаните низ Партизанска е ризично, а за истото говореше и претходниот градоначалник во 2017 година дека претставува ризик.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Малолетници со нож ограбиле врсници во Чаир!

СВР Скопје поднесе кривична пријава против двајца…

НЕ НАСЕДНУВАЈТЕ НА ЛАГИ: Не е точно…

Не е точно дека исчезнатото 14-годишно девојче…

Скопјанец нападнат со нож кај Бит Пазар!

На 27.11.2023 во 07:35 часот во СВР…

(Видео) Здружението „Лесја Украинка“ изразува протест за…

Здружение на Украинци во Република Македонија „Лесја…

Лавров во Скопје со времена дозвола

Од 9 до 12 часот денеска (28.11.)…