Објавено на:

Скопјанка измамена за 232 илјади денари, и кажале дека ќерка и прегазила дете во странство

t

Осумдесет и осумгодишна жена од Скопје пријавила во полиција дека станала жртва на измама, при што и била одземена сума од околу 232.000 денари. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, инцидентот бил пријавен вчера во 14:30 часот во СВР Скопје.

Според нејзината пријава, таа била повикана од непознато машко лице кое ѝ соопштило дека нејзината ќерка наводно предизвикала сообраќајна несреќа во странска држава, при што прегазила дете. Лажниот повикувач ѝ рекол дека, доколку сака нејзината ќерка да не оди во затвор, треба да плати одредена сума на пари.

„Исплашена и вознемирена, жената се согласила да му ги предаде парите на лицето со кое се договорила, верувајќи дека помага на ќерка ѝ. Подоцна, откако сфатила дека станува збор за измама, случајот го пријавила во полиција“, велат од МВР.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и идентификација на сторителот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од 1.670 евра до над 2.150 евра…

Пазарот на недвижности во Европа продолжува да…

Водата во Скопје е безбедна за пиење

Водата во Скопје е квалитетна и безбедна…

Вечерва ќе се спроведе 13-тата дезинсекција против…

Вечерва на подрачјето на градот Скопје, ќе…

Водата во Скопје е исправна за пиење,…

Водата во Скопје е безбедна и ги…

Секторот за компјутерски криминал повика 13 лица…

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста…