Арсовска и Ѓорѓиевски на координативен состанок со претставниците на урбани и рурални месни заедници од Општина Кисела Вода

Заедно со градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски и претставниците на урбани и рурални месни заедници од Општина Кисела Вода, денеска одржавме координативен состанок. Пред претставниците на секторите од градот и јавните претпријатија се презентираа и се разговараше за предизвиците во општина Кисела вода и понатамошни активности за нивно решавање.
Тимовите составени од секторски претставници од Град Скопје, како и од јавните претпријатија кои се под надлежност на Градот, веќе ги започнаа теренските активности за целосна проценка на состојбата со заборавените населби во Општина Кисела Вода, која ја сочинуваат 15 месни и урбани заедници, од кои девет урбани и шест рурални населени места. Континуирано се спроведуваат средби со граѓани, се врши проценка на затекнатата состојба и се работи на изготвување проекти кои Градот ќе ги имплементира во овие населени места.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Парада на гордоста во Скопје на 21…
Шестата по ред Парада на гордоста ќе…
Град Скопје ги фати: Приватна фирма копала…
Инспекторатот на Град Скопје соопшти дека денеска…
Скопјанка измамена за 232 илјади денари, и…
Осумдесет и осумгодишна жена од Скопје пријавила…
Изгорел склад за градежни материјали во Скопје
Пожар избил вчераутро во стовариште за градежни…
Невреме со дожд и град го зафати…
Попладнево Скопје беше зафатен од силно невреме…