Арсовска најави голема акција за пошумување на парк-шумата Водно

t

Градоначалничката на Град Скопје заедно со екипи од скопските јавни претпријатија со засадување на дабови дрвја ја најавија големата еколошка акција за пошумување на парк шумата Водно, а која со реализација на бројни активности на садење дрвја и садници ќе продолжи до крајот на месец март.  

На повисоките делови на Водно најчести се дрвјата од видот костен, даб, јасен и габер, додека во рамките на пошумените делови на планината особено се значајни и атрактивни честите насади на црн бор.

На Средно Водно неделава се садеа дабови стебла, со што започна големата еколошка акција, во која ќе учествуваат повеќе од 500 учесници во која на два хектари земја ќе бидат засадени 120 стебла костен и 400 стебла зимзелени садници. Во акцијата покрај вработените во скопските јавни претпријатија, ќе учествуваат и учениците од 23 средни училишта на Град Скопје, како и бројни организации и граѓани кои ги сакаат Скопје и Водно, се грижат за животната средина и квалитетот на живот во градот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Денес се пржеше јајце на Сонцето…

Денеска во Македонија времето беше сончево и…

Опожарено возило на скопјанец, претходно му се…

Триесет и тригодишен скопјанец утрово, во 1:15…

Каде е македонското знаме?! Касами се сретна…

Лидерот на БЕСА, Биљал Касами, денеска во…

Пред фирма со нож нападнал колега –…

На 14.06.2024 во 14.30 часот, полициски службеници…

Силен пороен дожд рано утринава ја зафати…

ЦУК информира дека, според радарската слика од…