Арсовска: Не може некој да не доаѓа на работа, а да зема плата – реформи мора да има
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во своето гостување во емисијата Стадион на Канал 77 потенцираше дека е недозволиво некој да зема плата, а да не доаѓа на работа.
Таа и нејзиниот тим посочува Арсовска се обврзале на реформи пред граѓаните кога излегле со својата изборна понуда. Услугата која ја добиваат граѓаните мора да биде навремена и квалитетна, а за тоа се одговорни службите и вработените кои мора да доаѓаат на своите работни места.
-Moра да се направи реформа. Не може некој да не доаѓа на работа и да биде платен од буџетот на граѓаните. Не дозволиво е исто така некој да доаѓа да се куца и целото работно време да не го поминува на своето работно место и повторно да бара да биде платен за истото. За да можеме сето тоа да го спроведеме ние почнавме уште пред повеќе месеци наназад со постапките за јавни набавки за да може истото да се имплементира во пракса. Еве сега сме во самиот финиш на истото. За граѓаните ќе понудиме подобра услуга меѓутоа пред се овие луѓе кои треба да се во градската администрација да работат во нивен интерес, да си бидат на своите работни места. Тоа е реформа и знам дека некому можеби тоа не му се допаѓа затоа што голем дел д луѓето се научени да земаат плата, а истата да не си ја заработат меѓутоа систем мора да постои, вели Асовска.
Арсовска истакна дека ако може таа од утро до вечер да биде на своето работно место, мора сите вработени да се појавуваат на своите работни места и да ги извршуваат своите работни задачи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Шефот на рускиот „Роснефт“ вели дека ОПЕК+…
Групата ОПЕК+, составена од водечки светски производители…
Левица: Политички реваншизам на штета на децата,…
Политичката партија Левица реагираше на продолженото одложување,…
Операцијата „Полноќен чекан“ беше успешна, соопшти Пентагон
Високи американски функционери одржаа прес-конференција во Пентагон…
Иранската хакерска група „Homeland Justice“ ѝ се…
Во екот на ескалацијата меѓу Иран и…
Драма во Лазарополе: Баран криминалец фрлал предмети…
На 21.06.2025 во 21.30 часот во Полициското…