Објавено на:

Драма во Лазарополе: Баран криминалец фрлал предмети и напаѓал со нож — гостите во паника, полицијата интервенираше!

t

На 21.06.2025 во 21.30 часот во Полициското одделение Ростуше било пријавено дека во хотел во Лазарополе едно лице агресивно се однесувало и фрлало разни предмети кон хотелот, оштетувајќи прозор, а потоа физички и со остар предмет го нападнал С.Р.(26) од Скопје. Полициски службеници презеле мерки и активности и констатирале дека се работи за К.Ж.(29) од Скопје, кој бил лишен од слобода.

Додека, по извршени проверки било констатирано дека тој бил баран со наредба од Основен суд Скопје за издржување казна затвор во Казнено – поправната установа Затвор Скопје за сторено кривично дело по член 392 став 2 од Кривичниот законик. По целосно документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израелскиот претседател му го довери мандатот на…

Израелскиот претседател Исак Херцог денеска му го…

Отпорноста на бактериите на антибиотици е сè…

Отпорноста на бактериите на антибиотици, која во…

Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски…

Иран и Русија планираат изградба на гасовод…

Иран планира во соработка со Русија да…