Арсовска се пожали дека Ганиу ѝ поднел тужба за клевета, таа побара прво да ѝ одговори на едно прашање

t

Поранешниот градоначалник на Општина Чаир Висар Ганиу ѝ поднел тужба за клевета на ексградоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.

Ова таа го објави на својот фејсбук-профил на кој тврди дека тужбата е поднесена поради нанесена душевна болка, затоа што го нарекла криминалец.

Но, како што пишува таа, Ганиу  прво треба да одговори за 150 фалсификат легализации, меѓу кои зграда вредна 5 милиони евра, наводно изградена во 2010 година од 15-годишник, со фирма основана во 2020, на плац купен во 2021 година?

Како оваа зграда што ја документиравме дека се гради во 2025 година ја легализирал како да е градена во 2010? Висар, немаш ти душевна болка дека сум те нарекла криминалец, имаш болка бидејќи си фатен со 3200 страни докази дека си криминалец. Ако успее некој да дешифрира кај нашол 15-годишник 5 милиони евра да гради зграда на 12 спрата и како успеал да ја изгради во 2010 со фирма што ја основал во 2020 на плац што го купил во 2021, нека јави. Можеби корумпираното Јавно обвинителство кое со години не постапува, ќе даде одговор. Се заканувате секој ден, испративте луѓе да ме претепаат, целото семејство ми го малтретирате и заплашувате, ама тоа не може да ги смени фактите дека сте криминакци, поткрепено со официјални докази на 3200 страни – напиша Арсовска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

АРСОВСКА ГО ВРАТИ ЌОСЕТО:Ова е уште еден…

Споменикот од пред комплексот судови го отстрани…

(Видео) Арсовска: Не планирам да одам на…

Во денешната епизода на Наше Скопје, градоначалничката…

Арсовска: Работам во интерес на граѓаните со…

На денешната прес-конференција градоначалничката на Град Скопје…

(Видео) Арсовска: Можат да ме прават агент…

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во…

(Видео) Арсовска до Шилегов: Кој губи има…

Во денешната епизода на “Наше Скопје”, градоначалничката…