Арсовска: Средствата од договорите со угостителските субјекти од претходното раководство се пренаменети за бесплатни оброци за граѓани од социјално загрозени категории
Средствата од договорот склучен со три угостителски субјекти од страна на претходното градско раководство, во вредност од околу 32 илјади евра ќе бидат пренаменети за бесплатни оброци за граѓани од социјално загрозени категории, соопшти денес градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска.
Арсовска истакна дека ова ќе биде практика на градот секоја година. Наместо угостителски услуги како непродуктивен трошок, ќе се користат овие средства за социјално ранливите категории, особено кога наши сограѓани се соочуваат со егзистенцијални проблеми во време на економска и енергетска криза.
„Наместо средства за репрезентации или непродуктивни трошоци, пренамената ќе помогне во зајакнување на поддршката и грижа таму каде е најпотребно, со што дополнително ќе се помогне иницијативата на Ретвитни Оброк да се прошири на национално ниво“, додава Арсовска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
АХВ: Водата во Скопје е безбедна за…
Инспекциските служби на Агенција за храна и…
Од март директна авиолинија од Скопје до…
Од март ќе биде воведена директна авиолинија…
БРАВО! Скопјани ќе добијат вода за неколку…
Во завршна фаза се активностите за санација…
Од вечер повеќе од половина од Скопје…
Од 22 часот денеска, повеќе од половина од Скопје…
Штедете и гответе оброци што не бараат…
Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во пресрет…