Арсовска oткрива детали за досегашното финансиско работење на ЈСП – Бесплатен јавен превоз за скопјани ќе има

t

ЈСП наназад многу години е загубар и е финансиски зависен од дотациите од Градот Скопје вели градоначалничката Арсовска во гостувањето во емисијата Клик Плус. Арсовска објави податок дека претпријатието има дневен приход од само 200 милиони денари, што според неа е минимална сума кој не обезбедува рентабилност.

“Ќе пристапиме етапно, како што разговаравме, кон овозможување на бесплатен јавен превоз за скопјани, но она што е уште позначајно е дека е неопходно прво оптимнизирање на возните редови, неопходно е да се обезбеди да има квалитетни автобуси за граѓаните, треба да има автобуси коишто ќе имаат минимум емисии во воздухот така да воздухот не би бил згаден како што е во моментов, иако загадувачи не се само возилата.”

Во врска со загадувањето Арсовска вели дека квалитетот на воздухот не треба да зависи од климатските промени туку треба да се работи на системски решенија. Таканаречените табли кои ќе го детектираат загадувањето според неа повеќе ќе се користат за детектирање на загадувачите отколку само за прикажување на нивото на загаденост кое секако се чувствува.

“Загадувањето е во рамки на лимитите, потполно скоро идентично како што било и минатата година, иако беше пласирано во јавноста дека загадувањето е решено, очигледно не е ”

“Отпочнавме уште од првиот ден со чистење на дивите депонии, досега сите оние 120 депонии кои беа детектирани се исчистени, дел од нив почнавме да ги заградуваме, има редовни контроли… Животот и здравјето на граѓаните не смее да се доведе во ситуација да бидат загрозени, иако таму порано бил горен опасен отпад” вели градоначалничката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дојави за бомби денеска во вкупно осум…

На меил адреси на осум средни училишта…

Со уцени нема договор: Град Скопје го…

Град Скопје попладнево соопшти дека денеска е…

Арсовска: Денес ако попуштиме пред заканите утре…

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во…

Да беше Ленин – Сталин со Квиско…

Да беше Ленин Сталин во 2018-та ќе…

Болна работа: Малолетник од Скопје силувал малолетничка

Денеска (28.11.2022) во 02.20 часот, полициски службеници…