Арсовски: Македонија има поддршка од европските партнери за старт на преговорите, дијалогот со Софија продолжува
Македонија ја има поддршката од европските партнери кои сметаат дека мора веднаш да ги започнеме преговорите за членство во ЕУ, а Владата секако го продолжува дијалогот со соседна Бугарија за изнаоѓање достоинствено и европско решение кое ќе го крене ветото и ќе го даде долгоочекуваниот датум за отпочнување на преговорите со Унијата, изјави портпаролот на Владата Душко Арсовски, одговарајќи на новинарско прашање дали изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон за воспоставување на европска политичка заедница, ќе влијае врз спорот меѓу Скопје и Софија.
– Предлогот на Макрон го сметаме за одлична можност за обединување на земјите кои не успеале да влезат во блокот или не сакале во одреден момент, со оглед на новонастанатата геополитичка ситуација, рече Арсовски.
Тој истакна дека овој предлог е поттикнат од потребата да се даде еден вид заштита на европската перспектива и можности за поврзување и соработка на Украина, Молдавија и Грузија со Унијата, без притоа да чекаат да ги исполнат сите критериуми што се потребни за земјите кандидатки за членство.
Францускиот претседател Макрон повика да се формира „европска политичка заедница“ за зајакнување на соработката на ЕУ со другите европски земји, поради тоа што членството на тие земји во Унијата не е реално во блиска иднина. Укажувајќи дека треба да се преуредат основачките договори на ЕУ, Макрон истакна дека во наредните недели би можеле да се одржат разговори за институционални реформи и дека за нив би можело да се дискутира на следниот Самит на лидерите на ЕУ.
Германскиот канцелар Олаф Шолц оцени дека идејата на Макрон за формирање „европска политичка заедница“ е интересна, но и дека тоа не треба да ги спречува да го завршат она што е започнато со земјите од Западен Балкан кои донеле храбри одлуки, при што, како пример ја наведе Македонија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Феноменот сега станал „Мега Ел Нињо“: Пацификот…
Американскиот метеоролог Рајан Мау објави мапа на…
Зеленски предупреди: Русија подготвува нови напади врз…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека руските…
Снег ја белее Попова Шапка, температурите под…
Снег вечерва врне на Попова Шапка, на…
(Видео) Либија: Украина ни објави војна
Претседателскиот совет на Либија ја прогласи Украина…
Млада велешанка крадела кабли од објекти во…
На 22.11.2026 во 17:20 часот во Велес,…