Атина воведува ограничување на туризмот: Има 700 илјади жители, а 8 милиони туристи
Атина не може да функционира како огромен „хотел“, па затоа градоначалникот Харис Дукас ветува дека ќе го спаси главниот град од прекумерен туризам, пренесува „Гардијан“.
Во срцето на Атина, по тесните улици и околу археолошките локалитети, групи посетители се појавуваат насекаде, движејќи се во колони зад туристички водичи. Градоначалникот Дукас е решен да го врати пренатрупаниот центар на градот на неговите жители оти почетокот на туристичката сезона го става градот во ризик од „презаситеност“. Според него, цели населби се во опасност да ја изгубат својата автентичност поради неконтролиран туристички развој.
„Атина не може да функционира како да е огромен хотел. Потребни се ограничувања и правила. Градовите мора да имаат збор во начинот на кој се развиваат“, рече тој во интервју.
Минатата година, повеќе од 8 милиони луѓе ја посетиле Атина. Само во краткорочните изнајмувања, бројот на ноќевања во популарниот кварт Плака, под Акропол, се има повеќе од двојно зголемено од 2018 година, покажува студија нарачана од општината.аструктура која попушта под притисокот.
„Градиме електрична инфраструктура, водоводни системи, нова канализација, 5G мрежи. Кога имате околу 700.000 жители и 8 милиони посетители, притисокот е огромен. Секој месец се ангажираат повеќе вработени, повеќе опрема, повеќе машини за да се одговори на предизвиците“, вели Дукас.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
82-годишник почина по кавга за лежалка во…
Неверојатна трагедија се случила рано утрово на…
Два земјотреси се регистрирани денес во Грција
Два посилни земјотреса беа регистрирани во Грција…
Во Кожани ќе се гради ДАТА ЦЕНТАР…
Еден од најголемите центри за податоци во…
Турција и Грција ја освојуваат Месечината
Турција планира да го испрати својот прв…
Напад од диво животно на Халкидики: Шакал…
Дете на возраст од околу пет години…