АХВ лани уништила над 355 тони небезбедна храна, од казните инкасирала над 600.000 евра

t

Ветеринари и инспектори за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство лани спровеле повеќе од 125 илјади инспекциски контроли и инспекции на безбедноста на храната и храната за животни, како и здравствената заштита и благосостојбата на животните, информираа од Агенцијата.

Покрај домашниот промет, предмет на контролите биле и производството, дистрибуцијата, угостителството, но и увозот и извозот, каде Агенцијата издала над илјада казни за кои наплатила околу 620 илјади евра. Исто така, при овие контроли АХВ поднела 10 прекршочни и осум кривични пријави.

-Фреквенцијата на официјалните контроли се вршеше согласно категоризацијата на објектите (операторите со храна) по ризик, при што категоризираните објекти со висок ризик беа почесто контролирани од оние кои се категоризирани како оператори со низок ризик. Во 2025 година од вкупниот број, реализирани се вкупно 47.200 контроли во внатрешниот промет, во рамки на редовните и вонредните инспекциски надзори, при што беа издадени 5.406 решенија, поднесени 10 прекршочни пријави, изречени беа 1.073 прекршочни платни налози со вкупна вредност од 618.010 евра во денарска противвредност. Поднесени беа и 8 кривични пријави, сите од областа на здравствената заштита и благосостојбата на животните, нагласува АХВ.

Во рамки на овие контроли била одземена и уништена небезбедна храна од типот на месо и месни производи, млеко и млечни производи, јаткасти плодови, јајца, риба, кондиторски производи и алкохолни и безалкохолни пијалаци во вкупна количина од над 355 тони.

Дополнително, инспекциските служби на Агенцијата спровеле нешто над 78 илјади контроли на увозните пратки и пратките кои минуваат низ земјава, со храна од животинско и неживотинско потекло, производи и материјали кои доаѓаат во контакт со храната, добиточна храна и живи животни.

Во овие контроли, како небезбедни уништени биле осум пратки со храна од неживотинско потекло во количина од 69.785 килограми, а една пратка била вратена во земјата извозник.

Како небезбедни во рамки на овие контроли уништени биле три пратки со храна од животинско потекло во вкупна количина од 22 тони. Во истиот временски период како небезбедни вратени биле 16 пратки со храна од животинско потекло.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

АХВ лани уништила над 355 тони небезбедна…

Ветеринари и инспектори за храна на Агенцијата…

Изречени казни од 40.000 евра од страна…

Приближно 40.000 евра во денарска противвредност е…

Шербет наместо мед, храна со поминат рок,…

Шербет што се продавал како мед, маслиново…

АХВ со засилени контроли за празниците: Изречени…

Во пресрет на новогодишните и божиќните празници,…

АХВ уништи 22 тони киви

Поради променети органолептички својства и утврдено присуство…