Изречени казни од 40.000 евра од страна на АХВ за маркети и хипермаркети

t

Приближно 40.000 евра во денарска противвредност е вкупната вредност на 22 казни кои ги изрекоа инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) на оператори со храна, во рамки на спроведените вонредни надзори во маркети и хипермаркети на целата територија на државава.

Како што се наведува во соопштението на АХВ, сс акцијата која се спроведе од 13 до 16 јануари годинава, контролирани беа 188 оператори со храна од оваа категорија.

-Кај 10 оператори, со контролите утврдени се полесни повреди од областа на безбедноста на храната (неселектираност на разладни уреди, нејасни и нечитки декларации на производите и слично), за што се изречени мерки опомена, а во 2 маркета констатирано е дека вработените лица немаат санитарни книшки, стои во соопштението.

Оттаму додаваат дека кај шест од контролираните меркети утврдено е дека немаат имплементирано процедури за примена на правилата на Добра призводствена и Добра хигиенска пракса, а кај 14 маркети затекната била храна со изминат рок на траење.

Како небезбедени во рамки на оваа акција на Агенцијата, од операторите одземени и нештетно уништени се над 253 килограми храна (месо и преработки од месо, млечни, кондиторски и други видови производи).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Италија планира казни до 160 евра за…

Италија наскоро би можела да воведе казни…

АХВ заплени и уништи 470 килограми месни…

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), минатата…

Рама најави построги казни за протестите во…

Албанскиот премиер Еди Рама најави пакет законски…

АХВ заплени и уништи еден тон пилешки…

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и…

Запленети 150 килограми месо со изминат рок,…

Агенцијата за храна и ветеринарство заплени 150…