Ахмети: Ние сакаме унитарна држава – Ако сакавме да ја поделиме Македонија, тоа ќе го сторевме во 2001 со 15.000 војници

t

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, за време на вчерашниот говор во Чаир, зборувал за наводите што ги измислуваат, како што вели, дел од политичарите и нивните политики дека Албанците сакаат да ја поделат Македонија. Ахмети нагласил дека ако Албанците сакале да ја поделат Македонија, тоа ќе го направеле со петнаесет илјади вооружени војници.

-Ние сакаме унитарна и рамноправна држава за сите, а не тиранин за едни, рекол Ахмети, објавија дел од медиумите на албански јазик во земјава.

Ахмети исто така информира дека синоќа на партискиот настан во Чаир, заедно со кандидатите за градоначалници, Бујар Османи и Скендер Реџепи – Зејд, го потпишале т.н. „Закон за Чаир“, со што, како што вели, го запечатиле најголемото национално единство од 2001 година.

-Сите се обединети, како и порано, за да го вратат достоинството, да ја вратат честа, да ги заштитат достигнувањата. Тогаш борбата беше да се добие еднаквост, денес е да се заштити. Заедно да се стави крај на дискриминацијата, понижувањето, лошото управување. Сенародното движење на отпор и надеж станува сè посилно и поинклузивно секој ден! Сите на нозе, подготвени за октомврискиот референдум, порачал Ахмети од скопската општина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во месец август 19.343 сообраќајни прекршоци, лишени…

Во месец август 19.343 сообраќајни прекршоци, лишени…

33 години од усвојувањето на првото македонско…

На 11 август 1992 година со одлука…

Жените сè почесто се одлучуваат за соло…

Повеќе летови ги прават оддалечените дестинации достапни…

Македонија во пламен

Пожари беснеат ширум Македонија, а од час…

Македонија во пекол: 9 пожари беснеат низ…

Додека земјата се соочува со екстремно топло…