Ахмети: Ние прифаќаме да го вклучиме бугарското малцинство во Уставот, ова прашање е усогласено

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, на предновогодишна средба со новинарите во седиштето на партијата во Мала Речица, изјави дека државата нема потреба од предвремени избори, но има потреба да ги реши проблемите со кои се соочува.
Во однос на спорот со Бугарија, Ахмети вели дека ако сакаме да имаме една стабилна ситуација, одржлива и унапредена во насока на евроатланските процеси, неопходно е да се решат разликите што ги имаме со бугарската страна во врска со Договорот за добрососедство.
Мислам дека работите се приближени. Досега ги имавме предвид тешкотиите со кои се соочуваше Бугарија, со избори, со задоцнувањето на конституирање на новата Влада и Собранието. Мислам дека разликите се приближени. За приближување на разликите ни помагаа нашите меѓународни партнери кои се заинтересирани да функционираат мирот, стабилноста и безбедноста во Западниот Балкан и особено во нашата земја. Се надевам дека ова прашање ќе се реши во деновите или месеците што следат, но под услов ниту од нашите, ниту од бугарските власти да не се политизира и да не се вметнуваат емоции затоа што тоа е тема која сама по себе е емотивно прашање – вели Ахмети.
Тој потенцира дека претходно од бугарска страна се потенцирало барањето бугарското малцинство да биде вклучено во Уставот на земјата и дека ова прашање сега е усогласено.
Ние прифаќаме да ја направиме ова промена и прифаќање на бугарското малцинство, што е право на секој да се изјасни така како што се чувствува. Овој принцип функционирал и ќе функционира и понатаму – додава Ахмети.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЛАВРОВ ДОАЃА ВО МАКЕДОНИЈА! Бугарија го отвори…
Бугарија го отвори својот воздушен простор со…
Поради снегот Бугарија прогласи вонредна состојба во…
Две лица загинаа во Бугарија, а едно…
Најкорумпираниот функционер на ДУИ, Беким Мемети ги…
Беким Мемеди е единствениот албански шериф во…
Бугарија ќе испрати 100 оклопни транспортери во…
Бугарскиот парламент го усвои предлог-законот за бесплатна…
Бајден: „многу блиску“ е договорот за заложниците…
Некои од околу 240-те заложници киднапирани од…